Учество на АУЕ-ФОН на 51. Меѓународна Научна Конференција „Knowledge in Practice“
АУЕ-ФОН на 51. Меѓународна Научна Конференција „Knowledge in Practice“ во Банско, Р. Бугарија.
Во периодот 12–14 декември 2025, во Банско, Р. Бугарија, се одржа 51. меѓународна научна конференција „Knowledge in Practice“, организирана од Институтот за менаџмент на знаење, каде што АУЕ-ФОН Универзитет е долгогодишен партнер. АУЕ-ФОН го претставуваше проф. д-р Славчо Чунгурски, Проректор за меѓународна соработка, кој учествуваше како панелист со стручна презентација на тема “AI in Knowledge: Transforming Research, Learning and Society”.
Во своето предавање, проф. д-р Чунгурски се осврна на клучните процеси преку кои вештачката интелигенција ја трансформира:
1. Креирањето, управувањето и дистрибуцијата на знаењето
2. Научно-истражувачката методологија и аналитика
3. Модерното високо образование и дигиталната педагогија
4. Развојот на иновативни и практично применливи решенија во различни научни дисциплини.
Учеството на АУЕ-ФОН на овј значаен меѓународен научен собир, ја потенцира посветеноста на Универзитетот кон меѓународна соработка, научниот развој и интеграцијата на современите технологии во образовниот процес. АУЕ-ФОН останува лидер во примената на знаење, иновации и академска извонредност.


